Ослободувањето од обврската за вињета може да следува само во исклучителни случаи и зависи од тоа дали Вашето возило е регистрирано во Чешка.
Моето возило е регистрирано во Чешка
Автоматски ослободени возила
- Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км), доколку возилото е регистрирано со специјална чешка регистерска табличка за МВ.
- Возила за транспорт на лица со чешка инвалидска легитимација од типот ZTP или ZTP/P. При улична проверка сопственикот на инвалидската легитимација од типот ZTP или ZTP/P мора да биде присутен во возилото и да ја покаже инвалидската легитимација.
- Возила за транспорт на незгрижени деца кои се лекуваат од малигнен тумор или хемобластоза. При улична проверка мора да се покаже лекарски извештај или друга потврда издадена од медицинска установа.
- Историски возила со доделена специјална регистерска табличка и со легитимација за историски возила.
Ослободени возила должни да се пријават
- Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км) без специјална регистерска табличка за МВ.
- Возила што припаѓаат на домовите за инвалидни лица, доколку се користат за транспорт на инвалидни лица.
Чешките граѓани може да поднесат пријава преку утврдениот
поштенски фах за податоци со индикаторот
ws5mh9w.
Моето возило нее регистрирано во Чешка
Потребно е да се достави барање за возилото да биде ослободено од обврската за вињета.
- Возила што работат на струја или на водород или се опремени со хибриден мотор (емислија на CO2 под 50 г/км).
Барањето за ослободување од обврската за вињета може да се испрати во писмена форма неминовно со службено заверен потпис на следната адреса: Státní fond dopravní infrastruktury, Sokolovská 1955/278, 190 00 Prag 9, Чешка Република Ве молиме земете предвид дека е потребно подолго време за пошта од странство! Доколку Ви е потребна вињета веднаш Ви препорачуваме неодложно да ја регистрирате електронската вињета.
Алтернативно барањето може да следува по електронска пошта. Но во овој случај барањето во ПДФ мора да биде потпишано со сертифициран електронски потпис според особениот правен пропис. Во друг случај барањето во ПДФ формат може да биде потпишано од чешката служба.
ПДФ-образецот може да се симне од веб-страницата на
Sfdi.